Купување пелет и брикет на рати

Согласно можностите на секој потрошувач, како и ефектот од пандемијата, и оваа сезона за сите кои ќе се одлучат да купат минимум еден тон од нашите производи : пелет или брикет – им овозможивме опција плаќање на рати.

Плаќањето може да се изврши во готово, со кредитна картичка или со уплатница во банка. Почнувајќи од јуни месец, може да се плаќа најмногу на три еднакви рати, или по договор со клиентот висината на ратите може да варира, односно се плаќа во месец јуни, јули и август. По уплатата на последната рата, стоката може да се испорача во целост.

При плаќањето на рати, не пресметуваме камати, ниту провизии, се наплатува само актуелната цена на производот.

Доколку дојде до промена на цените на производите во месеците јули и август, тие нема да имаат ефект врз плаќањето на ратите, односно, сите рати до месец август ќе се пресметуваат по цената уплатена во месец јуни.

Резервирајте навреме, плаќајте до три рати и искористете ја можноста за греење со некои од нашите премиум брендови.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *