Услуги

Достава до дома

Следејќи ја состојбата на македонскиот пазар изминатите неколку грејни сезони, како приоритет покрај квалитетот на пелетите што ги нудиме, го вклучивме и транспортот до вашиот дом, објект или деловен простор. Наша обврска е да обезбедиме брза и ефикасна испорака и истовар во заемно договорена дата и термин.

arboreko_a1_paleta-150x150

Бесплатно складирање

Наш предлог е навремено да се обезбедите со квалитетни пелети за претстојната грејна сезона. Најдобар период е од почетокот на мај до крајот на август месец кога и произведувачите работат порелаксирано, дрвата се суви при сечење, со што квалитетот е гарантирано поголем.

Промоции

Следете ги сите промоции, попусти и наградни игри на нашата веб страна и на социјалните медиуми.

Често посавувани прашања

Одговори на неколку одбрани :

Препорачуваме во текот на месец мај, јуни и јули. Цените се најниски во тој период.

Еден тон сертифициран пелет заменува минимум 4 м3 огревно дрво.

Секогаш барајте го логото ENplus на амбалажата, заедно со кодот на државата. Доколку не сте сигурни, побарајте сертификат од компанијата производител.

Не. Важно е да се чува на суво и затворено место, без директен контакт и изложеност на влага.

Не, тоа е апсурд кој го демантиравме пред многу години. Повеќе детали може да прочитате на нашиот блог/новости.